НАТО не е гарант од внатрешен судир. Единствена реална можност да пропадне државата е со меѓуетничка војна. Од тоа НАТО не ве штити, вели првиот човек на Левица во интервју за Инфомакс.

Според Апасиев НАТО не носи економски просперитет.

Милиони евра сега им даваме членарина во НАТО, наместо да градиме болници, училишта, патишта.

За ова со Апасиев се согласи и уредникот на Инфомакс Александар Митовски кој додава: 200 милиони годишно. Зошто тие пари да не ги инвестираме сами во опрема, зошто ни е НАТО? Тој вели дека никогаш не сретнал човек на улица кој би кажал дека е за НАТО.

Апасиев во интервјуто за Инфомакс рече дека Левица е за изборен модел со една изборна единица.

Интересно е тоа што лидерот на Левица вели дека постојат илјадници примери каде што македонците и албанците заедно гинеле за Македонија.

Знаете ли колку има заборавени сцени ако тргнете од Илинденско востание каде што македонци, вмро војводи со албанци кревале заедно востание. Ние од соживот со албанците во минатото дојдовме до тоа да се гледаме преку нишан.

Апасиев вели дека би можел да учествува во некоја идна Влада само на антикорупциска платформа. Ние мораме да ги затвориме тие етнички прашања, немаме што повеќе да чепкаме тука, додава тој.

Според Апасиев најголемиот број на иселени од државата се токму албанци