Од новата парламентарна партија бараат и да се поништи гласањето во оспорените гласачки места
Тужбите за поведување управен спор се поднесени врз основа на погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, велат од Левица, од каде сметаат дека ДИК неосновано им отфрлила дел од приговорите преку однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај.

Сето ова говори во насока на тезата за аматерското, несериозно и непрофесионално постапување на членовите на ДИК кон проблематиката на предочените изборни нерегуларности! Дотолку повеќе, просечното време на „решавање“ на ДИК по секој приговор е дури неверојатни 3 секунди – што е навреда за здравиот разум и за интелигенцијата на секој македонски граѓанин.

Од Левица бараат Управниот суд да ги усвои тужбите и да се поништи гласањето во оспорените гласачки места, бидејќи истите според партијата, влијаат врз вкупниот конечен резултат за респределба на мандатите, според прифатениот пропорционален Донтов модел на изборни количници.

Обожавам да насанкуем Сороспии. Тоа ми е специјалност. Да ги доведам на тенок мраз и да ги пуштам низ вода. Затоа ме мразат поише од Грујо…

Еднаш, така ги насанкав Катерина Колозова (Козлова) и Бранимир Јовановиќ (Бранче Акциза). Им начкрапав колумна од непостоечки автор. Оти паѓаат на титули, пишав као демек колумната била напишана од Фрида Батистели (измислен лик) – докторантка на Универзитетот Јеил. Па и сликичка им акнав. Море шерувања, море лајкови – шта речи. Ги оставив така неколку месеци. После им обзнанив дека, уствари, колумната е колаж од цитати на камарадот ЛЕНИН, од книгата „Левичарењето како детска болест на комунизмот“ (1920). У земја пропаднаа нашиве учени „сколари“ <3

Така и сега, за избориве. Ми сецнале дел од говор одржан во ревијалниот дел на јубилејната Десетта ораторска вечер „Иво Пухан“, коа бев студент на Правен у Скопје. Па виделе знаме од ЕУ, па помислиле дека е на некој омладинско-партиски митинг. Па колумни пишуење, па психолошки профили праење по емисии на Телма и остали провладини медиуми – како сум „фашист“, па да ми се забранело да предаам и други сочни епитети. А оно, кутрите, не знаат дека тоа е најпознатиот говор на јакобинецот Робеспјер (познат по прекарот Неподмитливиот), изречен во францускиот Конвент за време на Револуцијата! И дека истиот се учи на сите светски универзитети – по предметот Реторика и стилистика, во делот делиберативно говорништво, како бисер на политичкото ораторство. Ех драги мои затунцанки бивши соборци. Муви имате уште за лапање. Скријте се таму и удавете се во својата пизма и завидл’к. Со задоволство ќе ви помогнеме

error: Content is protected !!