Ѕвездите кажуваат дека важат за најздодевните хороскопски знаци

Девица

Општо познато е дека никој не е доволно добар за Девиците и тие сакаат тоа да го знаат сите. Ќе ви замери за секоја ситница и ќе го уништи доброто расположение за час. Тие се убедени дека се убедливо најдобри љубовници и дека никој не може да им парира.

Јарец

Луѓето родени во овој знак се егоисти без преседан. Ќе бараат од вас да го правите само она што им одговара и нема да вложат никаков напор за да уживате и вие во моментот. Ако забележите дека не ве гледаат за време на сексот, тоа е затоа што замислуваат друга личност.

Риби

Емоционалноста на Рибите е голем недостаток кога станува збор за сексот. Иако првите неколку пати ќе се обидат да ги потиснат своите чувства, тие брзо ќе ги покажат своите вистински бои. Немојте да се изненадите ако се расплачат за време на чинот или дури и пред тоа.

Рак

Раковите сакаат да разговараат. Пред секс сакаат да ја коментираат вашата моментална ситуација. Но, приказната не застанува тука. Раковите продолжуваат со приказната и за време на самиот чин и се многу критични доколку нешто не им се допаѓа. Понекогаш ќе инсистираат на изјави за љубов и ќе се налутат ако не го добијат тоа што го сакаат.