Еден од најдобрите српски вокали Ацо Пејовиќ е добредојден гостин во сите емисии каде секогаш ја воодушевува публиката со своето весело расположение. Веќе навикнавме дека без проблем зборува речиси на секоја тема, многумина се изненадија кога на површина излезе неговата тајна која ретко кој знаеше.




За време на гостувањето во една емисија, Ацо откри нешто ново за себе. Станува збор за тоа дека Ацо е всушност негов прекар, и дека само покојната мајка го викала со вистинското име и тогаш била навистина лута.




– Никој не ме вика Александар, само мојата покојна мајка ме викаше така во нејзиниот живот. На пример, утрово ми се јави сестра ми, најдобрата пријателка Весна Милановиќ и ми рече: „Можно ли е да се викаш Александар?“. Таа не го знаеше тоа, а ние сме пријатели речиси 20 години – изјави Пејовиќ, а потоа додаде:




– Мислам дека мајка ми ме викаше Александар дури кога ќе се налутеше – рече Пејовиќ.
Тајната на Ацо Пејовиќ, за која не знаеја ниту неговите блиски пријатели, ги изненади сите негови фанови, од проста причина што тој секогаш се претставуваше како Ацо, па повеќето не ни претпоставуваа дека неговото вистинско име е Александар.




Ацо Пејовиќ доживеа големи загуби во текот на 2020 година кога почина неговата мајка, за која зборуваше во споменатата емисија, а потоа и неговата многу добра пријателка.




– Целосно ја избришав таа година од меморијата и ќе се трудам да ја заборавам засекогаш. Оние кои ги загубија своите најблиски, како мене, мајка ми и еден од моите најдобри пријатели, го знаат тоа, тоа се работите што не чекаат секој од нас во одреден момент. За жал, сето тоа е составен дел од животот – изјави Ацо, чиј татко исто така почина минатата година.
