Видеото ја згрози јавноста, а се огласија и надлежните.

На социјалните мрежи се појави застрашувачка снимка од татко како го тера својот седумгодишен син да вози автомобил на автопат во Аргентина.

Тој бил толку решен да го научи да вози рано што го оставил сам да го вози возилото и седнал на совозачкото седиште. Видеото кое стана вирално и ги налути корисниците на социјалните мрежи, покажува како детето се мачи да ги дофати педалите додека седи на работ од седиштето без појас.

Ајде глупаво, само оди право – одговара таткото откако малиот му рекол дека не сака да вози. Потоа му објаснува како мора да го држи воланот исправен додека малиот се труди да не скршне.

По повод видеото се огласи и аргентинскиот центар за безбедност на патиштата, кој ја осуди лудата постапка на таткото.

– Тоа е застрашувачко, тоа е нешто што не само што е незаконско, туку и крајно опасно – изјави Густаво Брамбати, шеф на оваа служба, пренесува Kalle Blue Radio.