Аронијата во последно време е исклучително популарна и сè побарана, а според експертите од нашата земја тие се идеални за нејзино одгледување.




Тоа е одлична храна поради ниската калорична содржина и високата содржина на витамини и минерали.
Аронијата е вистинска ризница на биолошки активни соединенија (над 300). Ја чисти крвта, ја зајакнува циркулацијата, го намалува холестеролот и крвниот притисок, делува противвоспалително. Свежите плодови од аронија имаат највисок антиоксидативен капацитет меѓу сите бобинки и други овошја истражувани досега, мерени според стандардите ORAC и TEAC. Бројни епидемиолошки студии укажуваат на силна поврзаност помеѓу внесот на аронија и намалувањето на смртноста од срцеви заболувања, тумори и други дегенеративни болести, како и намалување или одложување на развојот на овие болести, како и стареење.




Расадот на аронија достигнува полн принос во осмата година, дава и до 10 килограми по грмушка, а сегашната цена е едно евро за килограм прва класа. Според некои проценки, може да донесе приход од дури 12.000 евра по хектар!




Некои одгледувачи велат дека е прилично лесно да се одгледува аронија во сопствената градина и треба да имате малку слободен простор. Не е комплицирано за одржување, а зрела грмушка во некои услови може да даде и до 17 килограми овошје.




Ова растение е вистинско чудо и дар од Бога, па затоа треба да го искористите максимално, а доколку се укаже прилика сами да го засадите и да заработите на него, зошто да не.
