Видео од танц на банкари од Уни Банка во Скопје споделено на Фејсбук профилот на банката предизвика реакција на социјалната мрежа.

Танцот е снимен пред експозитурата на банката на плоштадот Македонија.

Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции – објавија банкар(к)ите во описот на видеото.

Вакви се дел од коментирите на овој гест на вработените.

Ова доброволно или по службена должност?

Она кога жирантот ќе ја исплати и последната твоја рата.

Абе зголемете им ги платите на вработените, најмалку се платени од сите банки. Тоа вежбајте, не кореографии!!!

Трепнете ако е мобинг.