Тања Бошковиќ важеше за една од најубавите жени во цела Југославија.
Една од нашите најубави актерки, која и денес изгледа фантастично, Тања Бошковиќ порано беше симбол на класична убавица од филм.




Не е тајна дека по неа полудеа мажите ширум поранешните републики, а актерката сè уште плени со својата природна убавина. Неодамна беше објавена фотографија од Тања Бошковиќ, стара околу 40 години, која предизвика ентузијазам на социјалните мрежи, на која актерката во костим за капење позира во морето.




Фотографијата привлече големо внимание, бидејќи Тања на неа изгледа божествено, а и толку години подоцна не се променила. Таа се уште има нереална убавина, насмевка, но и женско однесување.
Актерката е една од оние на кои годините не им се непријател, бидејќи старее убаво и природно, за разлика од многу колеги кои направиле пластични операции и естетски зафати.




– Жал ми е за убавите девојки кои имаа потенцијал, но беа оперирани и сега личат на пластични хот-догови. Што се однесува до мене, цел живот се смеам и секаде одам пешки, тоа е тајната на мојата убавина – изјавила во една прилика Тања Бошковиќ.
