Кога постите строго или едноставно сакате лесен, едноставен залак, овие посни кифлички на вода се вистинско откритие. Нема јајца, нема млеко, нема масло, а сепак се меки, миризливи и се јадат и топли и ладни.

Нашите баби ги правеле кифличките кога се постел строг пост, најчесто пред Голема Богородица, Божиќ или Велигден, и ги служеле со домашен џем, сливов пекмез или топол компир-паприкаш. Трикот е во доброто тесто за кое ви го донесуваме рецептот, но и во трпението додека тестото убаво нарасне – тогаш кифличките се лесни како пердув, а исчезнуваат побрзо отколку што се печат.

Состојки:

  • 500 г брашно

  • 300 мл млака вода

  • 1 лажичка сол

  • 1 лажичка шеќер

  • 1 кесичка сув квасец (7 г)

По желба: сусам или ким за посипување

Приготвување:
Во млаката вода додајте шеќер и квасец, промешајте и оставете 10 минути да запени. Додајте сол и постепено брашно, мешајќи додека не добиете меко, мазно тесто. Покријте го тестото со крпа и оставете го на топло 40–60 минути да го удвои волуменот. Нараснатото тесто премесете го, поделете го на две топки и секоја развлечете ја во круг. Исечете на триаголници и свиткајте кифлички.

Наредете ги на плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со млака вода и посипете ги со сусам или ким. Печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути, додека убаво не поруменат. Доколку сакате уште помеки кифлички, веднаш по вадењето од рерна покријте ги со чиста крпа и оставете ги 10 минути. Можат да стојат и следниот ден, само завиткајте ги во памучна крпа.