Во Шефилд, Англија, едно семејство се зголеми за четири члена за време на пандемија на корона вирусoт.




Џесика Причард (31) беше двапати бремена за време на пандемијата – првиот пат кога ја доби ќерката Миа, а потоа откри дека очекува тројка.




– Беа вртоглави 12 месеци, имав дете за време на рестриктивните мерки, а потоа уште три бебиња – рече Причард, која работи во локалното основно училиште, пишува „Њујорк пост“.




Иако таа вели дека претходните 12 месеци биле исцрпувачки за неа и нејзиниот сопруг Хари (34), таа посочува дека тие се „среќни и благословени“ со детска радост.




Додека беше на породилно отсуство, откако Миа се роди во мај 2020 година, Џесика во октомври дозна дека е бремена и кратко потоа дека чека тројка.




– Ми кажаа на ултразвук дека ќе родам близнаци и тоа доста ме шокираше. Тогаш докторот продолжи да гледа и ми рече дека всушност носам три бебиња. Се прашував како е тоа можно и едвај чекав да се вратам дома за да му кажам на сопругот. Отпрвин не веруваше, а потоа почна да се радува како никогаш досега во својот живот – рекла Џесика.




Двојката има уште едно дете-осумгодишната Моли, а трите новородени бебиња се викаат Ела, Џорџ и Оливија
