Од УХМР најавуваат дека невреме се приближува кон скопската котлина.

Од запад кон Скопје по планинските предели се приближува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, предупредија пред малку од УХМР.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.