Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм објави фотографија од дочекот што беше подготвен во негова чест за време на неговата посета на Бахреин.

„Арапските специјалитети беа на маса – јагнешко месо подготвено 8 часа, месо од камила, хумус, табуле… доволно за да се прослави последната ноќ под шатор во пустината во Бахреин како спомен за цел живот“, напиша Вучиќ во описот на фотографијата.

Покрај Бахреин, српскиот претседател ги посети и Емиратите.