Кристина Митровиќ и Илија слават во голем стил.




Ќерката на Жељко Митровиќ сопственикот на Пинк телевизија, Кристина Митровиќ, минатата година се сврши со еден од најмладите милијардери во светот, младиот богаташ Илија од Украина, а сега прославија две години љубов .




И тоа не на кој било начин, туку во голем луксуз, а на социјалните мрежи ги покажаа сите детали од романтичната вечер.
Од авион до лимузина




Младиот милијардер тој ден најпрво објави фотографии од приватен авион, а следниот ден покажа како уживале таа вечер во Лондон.




Прославија во изнајмен стан уреден само за нив, со клавир да им „свири на уши“, романтична вечера, а просторот со неверојатен поглед го исполнија со црвени балони и рози.




Од 500 рози пишуваше на англиски „2 години“, а луксузот зрачеше од сите страни.
Во станот во луксузен хотел со пет ѕвезди, каде ноќта започнува од 13.000 евра, пристигнале во луксузна лимузина во која имаа и ѕвездено небо …

