Бургер (по старо ХАМБУРГЕР) е ритуал во кој за 50/70/100 денари јадеш парче добро пржена слобода, сочно мелено оплеменето со куп преливи, буковска, салати кои се топат во лепчет.

Микс кој излегува од рамките на фолијата/хартијата, додека седиш на клупа карши киоскот од кој си го набавил чудотворниот величествен твој и само твој хамбургер, уживаш во прекрасниот неред и си задоволен од постоењето во тие мигови на врвно задоволство.

Вишокот преливи над уста се брише со ракав, вишокот од ракав се остава на фармерки.

Тоа беше некогаш хамбургер. Сега ко да не е доволно што од него се направи пази Боже фама, чини 280 денари во ресторан, има големина на ладен ташак, повеќе се слика него што се јаде (со нож и вилушка, прости им Боже), па и ова грин рт веган срање се промовира под брендот “бургер”.

Спасете ја планетата и не јадете ништо, вие фанови на оваа јонџа.