Иако температурите сеуште не попуштаат, календарски полека но сигурно се наближува зимата, а со неа доаѓаат и пониските температури.




Оттука, во овој период повеќе од потребно е да се размислува, за оние што ова прашање досега не го решиле, како ќе се греат во новата грејна сезона.
Ние за нив направивме една анализа, колку би чинело греењето на стан од 60м2, со различни видови на греењe, при моментални цени на енергенсите и пресметано за една грејна сезонa во траење од 6 месеци. За споредување на еден систем на греење со друг, исто така од исклучително значење е и објектите да бидат со приближно иста изолација и приближно ист квалитет на прозорци и врати.




Добро изолираните простории ја зголемуваат искористеноста на топлинската енергија дури за 30%. Ова секако е од големо значење кога на крајот на месецот ќе ни пристигне сметката за електрична енергија или пак кога правиме калкулации за потрошена струја, потрошени пари и загреан простор. drvaДа започнеме со ред. Енергенс кој најмогу се користи за загревање на нашиве простори е дрвото.




До скоро за големата негова застапеност, секако најмногу влијаеше цената. Но годинава работите како да се сменија. Граѓаните од ден на ден се’ потешко успеваат да обезедат дрва , а од ден на ден се зголемува и цената за еден кубик.
Информациите велат дека тие секојдневно се менуваат. Анализите покажуваат дека едно просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 метри кубни огревно дрво за загревање или најчесто околу седум метри кубни. Тоа покажува дека за греење со огревно дрво на стан од 60м2, би требало да се одвои од 15 до 25 илјади денари годишно. Доколку, пак, се загреваат повеќе простории или домаќинството има сопствено парно греење на дрва, потрошувачката на огревно дрво оди и повеќе.




Рационалното размислување сѐ повеќе ги тера граѓаните да одбираат греење со кое ќе ги намалат своите трошоци, а при тоа да не го скратат својот комфор и удобност. Таква можност овозможуваат инвертер клима уредите, заради што овој систем на загревање од година во година се повеќе е застапен.




Тоа не беше случај со сите претходно спомнати уреди за греење на струја, бидејќи тие произведуваат онолку топлина колку што се троши и струја, односно 1 спрема 1. Инвертер климите работат на принципот на топлотни пумпи, овозможувајќи поголема ефикасност, давајќи повеќе “ греење”од потрошената струја.




Освен тоа ИНВЕРТЕР ТЕХНОЛОГИЈАТА е направена така што работата на компресорот се прилагодува на постигнатата температура-како се постигнува бараната вредност, потрошувачката и бројот на обртаи се намалува, при тоа постигнувајќи се поголема заштеда.Месечните трошоци со вакво решение се очекува бидат околу 2.000-2.500 денари. Можноста за греење на централно парно греење имаат само жителите во Скопје. Но повеќето корисници се едногласни дека овој вид греење полека станува луксуз и покрај минималното пефтинување од 0,19 и 0,86 % направено од 31.07.2015год.




Така со последните цени , за затоплување на стан од 60 м2, месечно сметките би се движеле од 2.200-2.500 денари за граѓаните што се согласиле да плаќаат во текот на целата година Тоа значи дека за 12 месеци, овие лица за греење плаќаат вкупно околу 26.000-30.000 денари.

Борче Бучински Могила кажува за несекојдневна набавка на огревно дрво кој општината го склучила со фирма од село Врбоец, општина Крушево.




Бучински преку видео обраќање на својот Фејбук профил кажува дека цената која општината ја платила за метар кубен огревно дрво за училиштата изнесува 8.000 денари.




Имено договоро кој со сите материјали ќе ви го прикажаме е напревен, дрвата се донес 147 кубика по цена од 8000 денари. Истата набавак во Битола за огревно дрво е 5000 денари.
