Таа откри зошто тие траат толку долго…




Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, слават 30 години брак.




Нивната венчавка беше една од најгламурозните на сцената, а преносот го следеа милиони луѓе.




Брена сега му честиташе на својот сопруг преку Инстаграм, каде што објави видео составено од нивни фотографии и снимки направени во претходните три децении.




– Заљубувањето е хормонална состојба и треба да се искористи до срж. И љубовта никогаш не треба да се троши. Треба да направиме разлика помеѓу овие две работи и тоа го научивме. Затоа и траеме толку долго – напишала Брена во една од своите приказни.




Тие двајца се венчаа и добија два сина Стефан и Виктор, додека Бобо од првиот брак го има синот Филип.
