Кога сите околу вас ви кажуваат една работа, вие како бугарите велите нема македонски народ, нема маекдонски јазик, тогаш после тоа ви е тешко да излезете од таа слепа улица. Кога некој ќе размислува различно е купен или платен.
Тоа значи дека вие кои не верувате во корона можете до утре да потценувате опасност. Цел свет се соочува со тоа а вие велите дека тоа е лага. Бил Гејтс кој ли се уште не не има платено и ништо од тоа не е точно. Излезе Меркел и кажа дека пандемијата ќе заврши кога 60 до 70 % од населението ќе се зарази со коронавирусот. Ја не и верував, но испадне дека таа е во право.
Таа пандемија го фрли светот на колена. Најмоќниот човек на светот се зарази. Кај Путин мора да има двонеделен карантин за да се оствари средба со него, кинескиот претседател отиде во Вухан неколку месеци откако заврши пандемијата во Вухан бидејќи се плашеше.
Трамп е заразен и вие велите дека тој лаже за да ги добие изборите. Тој е прв американски претседател кој завршува во болница. После 39 години прв американски претседател кој оди на лечење во таа болница. И тој според вас лажел.
Наместо да се соочите со тоа дека тој е заразен, велите лаже, кога ќе се укуцате на слепа улица барајте начин за да излезете од таа слепа улица. Тоа е проблемот. Што велите и тој е уценет и купен иако е претседател на најмоќната држава. Едвај се лечеше, едвај зборува, но вие велите дека тој бил купен, лажен и уценет од длабоката држава.
Кога некој ќе ви каже немој да се укуцувате на слепа улица, немојте да го навредувате. Вие имате проблем да се соочите со различно мислење. Вие попрво ќе прифатите да бидете заразени со вирус отколку да прифатите различно мислење. Сте прашале ли некој што значи да си заразен со коронавирус. Коронагрип и сезонски грип се две различни работи.
Тоа се како фудбал и одбојка. Никој не бил заразен од сезонски грип во август на 35 степени. Ова не е дали сте северџани или сте вмрони туку дали верувате во цивилизациски разлики. Една група на агресивци доминира на социјалните мрежи. На нив нема зошто да им се плашите.
Тие агресивци на социјалните мрежи мора да се поразат бидејќи ако не ги поразиме нема да може да продолжи нормално да функционира Република Македонија, вели Ефтов во својата најнова емисија во Центар насловена како ПОЛИТИЧКА АНАЛИЗА: Дали Илирида без корона и Македонија со корона можат да живеат заедно?!
Тие луѓе кои не прифаќаат различно мислење доминираат во Македонија, смета ЕФтов и вели дека тоа се ботови на агресија и примитивизам.
Ова се ботови кои го креираат јавното мислење. Тоа не се руски ботови, туку ботови на проститулук. Кај е Русија сега? Кај е Путин сега? Се напика во резиденцијата и не излегува од таму. Сега ќе оди во посета на Јужна Кореа а пред да замине на посета ќе биде вакциниран. Нели не постоеше за Трамп коронавирус. Нели тој велеше дека не постои короната, нели тој се чистел со средства за дезинфекција, што отиде сега клапнат во болницата? Не носеше маски, се однесуваше како овие на протестите на ВМРО и одеднаш кога јајцето му дојде на газот клекна и отиде во болница. Се лечи со други експериментални лекови специјално направени за него. Сите сте храбри дури не ви се случи нешто што не треба. Тогаш важат другите правила, а не храброста.
Да не се заразиме како овци, да не се заразиме како тарабуки, ако веќе треба да поминеме низ тој процес ајде да го поминеме како паметни луѓе, вели Ефтов.
