Трет протест на роднините на обвинетите за случајот кај Смилковско. Скандирајќи У-Ч-К, демонстрантите се движеа од Чаир се до Владата.




За разкика од минатиот пат кога демонстрантите кај Бит пазар ја напа днаа полицијата, денешниот протест мина без инциденти. Огранизаторот Бедри Ајдари вели дека протестирале мирно за да се случи европска правда во државата. Присутните не му дозволија да одговори на прашањата поставени на македонски.




Протестот на 100-тината демонстранти пред владата го обезбедуваат огромен број полициски специјалци. Во близина беа распоредени и десетина оклопни возила.




Заради немирите од претходниот протест четворица заработија казни од осум месеци до една година, а за неколкумина се уште трае судењето. Обвинети се за учество во толпа.




Протестите за монструм следат откако и во повтореното судење обвинетите беа прогласени за виновни и заработија за творски казни.
На поставено новинарско прашање Бедри Ајдари беше спречен да одговори на истото на македонски јазик.




Иако Ајдари започна со одговарање на новинарското прашање на македонски јазик веднаш беше прекинат од семејствата на осудените за петкратното убис тво кај Смилковското Езеро кои инсистираа да говори на албански јазик.




По настанатиот револт кај демонстрантите Ајдари му одговори на новинарот на албански јазик по што следуваше голем аплауз од нивна страна.
