Утрово снегот направи вистински хаос во сообраќајот како низ главниот град, така и низ државата.

Многумина како да не го очекуваа снегот и излегоа неподготвени, односно без „зимска опрема“.

Таков веројатно е и случајот со овој скопјанец, кој изгледа излегол со летни обувки, па мораше да лази по пешачкиот премин за да ја премине улицата.

Авторот на видеото, во натписот на објавата на Фејсбук напиша само: „Појадок + ракија + летни кондури“, а во коментарите под видеото преовладуваше смеа.