Бабата му раскажала дека боледувала од рак, дека имала операција на катаракта и дека здравјето повеќе не ѝ дозволува напорна работа.
На Зелената пазарница во Панчево неодамна се случи момент што расплака многумина. Тиктокерот Лука Алериќ сретнал 83-годишна баба која, и покрај годините и здравствените проблеми, продава ракотворби и ситници за да може да преживее. Стоела сама, на страна, без своја тезга, додека студеното време дополнително ѝ ја отежнувало работата.
Трогнат од нејзината храброст, Лука решил да ѝ го олесни денот. Во видеото што го објавил на својот Инстаграм профил покажал како еден мал гест на внимание може да ја промени нечија секојдневица.
„Ако случајно поминувате и ја видите, застанете и купете нешто од неа. Тука сме за да се поддржуваме едни со други во овие студени денови“, напишал Лука, повикувајќи на солидарност.
Како што открил понатаму, бабата нема своја тезга и секогаш стои на страна, а поради здравствените проблеми и студените зимски денови ретко излегува на пазар. Кога излегува, најчесто оди на Тесла, но тој ден била на Зелената пазарница.
Во видеото, Лука разговара со бабата и открива детали од нејзиниот живот. Таа му раскажала дека боледувала од рак, дека имала операција на катаракта и дека здравјето повеќе не ѝ дозволува напорна работа. Сепак, бидејќи пензијата ѝ е мала, одлучила сама да плете волнени чорапи и да ги продава на пазар, иако, како што вели, речиси никој не ги купува.
„Продадов само едно парче“
„Не, не, денес продадов само едно парче“, му рекла бабата кога Лука ја прашал како оди продажбата.
Трогнат од нејзината приказна, Лука решил да ѝ го олесни денот.
„Дали можам да купам сè од вас, а вие да си одите дома?“, ја прашал тој, додека бабата стоела збунета, а потоа прифатила.
Иако бабата внимателно пресметувала колку пара чорапи има и колку чини сè заедно, тоа за Лука не било важно. Тој зел цела кеса со чорапи и ѝ платил дури 12.000 динари. Кога го видела тоа, бабата на почетокот се двоумела да ги прифати парите, но Лука ја убедувал да не се грижи, да си ги спакува работите и да си оди дома.
„Ништо не ми враќајте“
„Чувајте се и одете си дома. Студено е, мора малку да се одморите“, ѝ рекол тој.
Старата жена уште еднаш се обидела да ги врати парите, но Лука тоа го одбил:
„Не, ништо не ми враќајте. Ништо, ништо. Вие уживајте, а ние ќе се држиме и ќе си помагаме едни на други.“
„Се гушам во солзи“
Овој гест на тиктокерот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Многумина ја пофалија неговата иницијатива и потсетија колку е важно да им се помага на луѓето, особено на повозрасните.
На крајот, Лука во својата објава истакна дека вакви баби има во секое место и дека треба да се обрне внимание на оние кои на сличен начин се обидуваат да преживеат.
„Не е лесно на студ да се продава, а особено на тие години. Само обрнете внимание и поддржете ги кога можете“, порача тој.
