Рускиот блогер „Лудиот Русин Сергеј“ објави видео од Авиапарк, најголемиот трговски центар во Москва, но и во Европа. Поради санкциите кои западните земји и ги воведоа на Русија по инвазијата на Украина, се повеќе големи брендови ја напуштаат земјата. Последиците се видливи и во Авиапарк каде се затворени многу продавници.




„Можеме да преживееме без сета таа фенси облека или капиталистичка брза храна, но гледате колку работни места исчезнаа. Тоа ќе создаде огромна невработеност. И ќе треба долго време да се најдат нови работни места“, вели Сергеј.




Голем број на брендови затворија продавници




ИКЕА ги затвори вратите, а не работат ниту многу модни брендови. Продавниците на Boss, Zara, Levi’s, Tommy Hilfiger, Adidas, Pull & Bear, Bershka, Oysho, Tous, Bobbi Brown, H&M, Mango, Monkl, Vagabond, Stradivarius, Puma, Crocs, Vans и Benetton се затворени.




„Women’s Secret е затворена. Очигледно, Русинките отсега ќе купуваат облека од болшевиците“, вели Сергеј. Тоа е болшевичка руска фабрика за облека која беше еден од најголемите производители на облека во земјата за време на советската ера.




Најк, Ралф Лорен, Гап, Декатлон и Рибок сè уште работат во Русија. Некои француски марки не ги затворија своите продавници, а Рено, кој има фабрики за автомобили во Русија, продолжи со својот бизнис.




„И Самсонајт го нема, но не е дека ќе можеме да патуваме многу подолго“, рече Сергеј.
Затворени се и Swarovski, Jo Malone, Swatch, Levi’s, Sephora, Nespresso, H&M Home и Starbucks.




„Продавниците се затвораат, а цените растат“
„Иако многу продавници се затвораат, цените растат. Многу луѓе сега купуваат пред да заминат брендовите. Особено во Москва и Санкт Петербург. Русите низ историјата научиле дека на националната валута не може да и се верува бидејќи нешто секогаш се случува“, вели блогерот, додавајќи дека во такви ситуации Русите масовно купуваат бидејќи не знаат колку ќе можат да си дозволат откако рубљата ќе ја изгуби вредноста.




„Понекогаш ми се чини дека живееме во Матрикс“, рече Сергеј. „Ајфоните нема да се продаваат, па ќе купуваме кинески мобилни телефони, како Вива. Тие се со послаб квалитет, но велат дека користат многу американски чипови… Ќе видиме“.




Разбирам дека ситуацијата во Украина е многу потажна и потешка, но јас снимам во Русија. Разбирам дека затворањето на продавници за облека и ресторани за брза храна не е толку страшно како она што се случува во Украина“, вели блогерот на крајот од видеото./SlobodenPecat
