Продолжуваат нередите и хаосот во Нови Сад. Откако на протестот му се приклучија маскирани лица кои го демолираа Градското собрание, фрлаа петарди и факели а полицијата употреби солзавец, сега двајца полицајци во цивил уапсија еден од демонстрантите. Како што известува новинарот на N1 полицијата воопшто не се легитимирала, а откако медиумите им се приближија на полицајците, дури тогаш двајцата службеници ја покажаа својата легитимација.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето видео обраќање порача дека сите кои учествувале во протестите ќе бидат казнети.

Српските медиуми пренесуваат дека Вучиќ тргнал за Нови Сад.