Јекатерина Владимировна Тихонова, девојка која се занимава со рокенрол акробатика е всушност помалата ќерка на рускиот лидер Владимир Путин.

Потврдата пристигнала и од претседателот на Светската рокенрол конфедерација и тоа две години подоцна откако оваа вест се појавила во јавноста.

Манфред Мохаб, потпретседател на Светската рокенрол конфедерација на прашањето на „Ројтерс“ дали Тихонова е ќерка на Владимир Путин одговорил: „Да, признавам“. Кога втор пат му било поставено прашањето, кратко одговорил со „Да“.

Тихонова не одговорила на ова прашање.
Познато е дека Путин својот риватен живот, вклучувајќи ги и двете ќерки Јекатерина и Марија, ги држи далеку од очите на јавноста.

Иако долго се зборува за идентитето на Јекатерина, претставниците на Кремљ никогаш не сакале да дадат потврдниинформации. Мохаб е првиот кој официјално потврдил дека станува збор за ќерката на првиот човек на Русија.

Тихонова, која го користи презимето на својата баба, води проекти кои се финансираат на државно ниво на Московскиот државен универзитет, а исто така е потпретседател на WRRC.

Има 31 година и мажена е за Кирил Шамалов, син на еден од најблиските пријатели на Путин. Се проценува дека оваа девојка има богатство во вредност од 2 милијарди долари.