Во Македонија пилешкото е едно од најпопуларните меса, причината е благиот вкус без силен мирис, но и цената која е попристапна од на пример говедско, телешко или свинско месо.




Бонусот е што ова месо е богато со разни хранливи материи, корисни за здравјето на организмот. Сепак, не се сметаат сите делови од кокошките добри за човечкото тело, неодамна беше објавено во една кинеска студија.




Благодарение на искуството на бројните готвачи кои ги споделија своите искуства во готвењето со експертите, како и знаењето на технолозите, откриено е кои делови од пилешкото месо не треба да се консумираат бидејќи се штетни за здравјето.




Значи, кога јадете пилешко, подобро е да не ја консумирате кожата која целосно се состои од маснотии, а покрај тоа може да содржи и голем број бактерии.




Исто така, се препорачува да не се јадат белите дробови, бидејќи ниту термичката обработка со висока температура не е во состојба целосно да ги отстрани сите паразити од нив.




Кинеските експерти советуваа и да не се користи главата (која кај нас ретко се користи), крилјата и вратот бидејќи на овие делови од пилешкото се акумулираат сите штетни материи што животното ги јаде во текот на својот живот, а на крилјата и вратот им се инјектираат хормони. Според студиите спроведени во Кина .




Високата количина на протеини што ја содржи белото месо му помага на телото да изгради мускули, додека поради тоа што е екстремно нискокалорична е совршена храна за диети.
