Она што е лек за еден, може да биде отров за друг човек. Овој корен одамнасе користи поради неговите антисептички својства и во кујната и во неа. Им помага на луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот тракт, па затоа се смета за ,,лек за се,,.
Во ѓумбирот има бројни ензими кои помагаат да се разложи храната и да се свари истата како и да се исфрлат токсините. Тој, е всушност една од најсилните природни супстанции.




Сигурно веќе ви е познато дека на пакувањето на секој лек мора да пишува дали ги има и какви се нуспојавите од самиот лек. Но, ќе се изненадите кога би виделе вакво предупредување на намирницата која ја купувате мислејќи дека е здрава и природна, како што е на пример ѓумбирот, нели?
Вистина е дека оваа билка може повеќе да им наштети отколку да им користи на луѓето. Стручњаците предупредуваат дека не би требале дневно да внесуваме повеќе од четири грама ѓумбир, бидејќи во спротивно може да дојде до мачнини, киселини и сериозни болки ако се зема во поголеми количини. Еве кои се би требало да го одбегнуваат ѓумбирот:




Поради можните природни стимуланси, ѓумбирот може да доведе до прерани контракции, кои можат да доведат до предвремено породување. Посебно треба да се одбегнува во последните недели од бременоста.
Ѓумбирот е одличен за оние кои сакаат да ослабнат, бидејќи го убива апетитот и помага во отстранување на мастите. Меѓутоа, оние кои се обидуваат да се поправат, треба да го избегнуваат по секоја цена, исто какои сите суплементи на база на овој корен.
ЛУЃЕ СО ПОРЕМЕТУВАЊА ВО КРВТА
Ѓумбирот го забрзува протокот на крвта и го стимулира крвотокот, што генерално е одлична работа, но не и кај оние луѓе кои имаат пореметувања во крвта како што е хемофилијата. Во такви случаи оваа чудотврона билка може да ги влоши работите. Луѓето кои пијат лекови против ваквите пореметувања би требало да знаат дека ѓумбирот може да го неутрализира нивниот ефект.
ЛУЃЕ КОИ ПИЈАТ ЛЕКОВИ
Ако пиете лекови за крвен притисок или дијабетес, спаѓате во посебната ризична рупа кога се работи за ѓумбирот, бидејќи тој делува на начин на кој лековите делуваат врз вашиот организам. Посебно ризично е да се комбинира со антикоагуланти, бета-блокатори и лекови на база на инсулин.
НУТРИЦИОНИСТИЧКИ СОВЕТ
Доколку сепак сакате да го исчистите оранизмот од отрови, а не смеете да го користите ѓумбирот, тогаш одлична замена за тоа е толчен лут црвен пипер додаден во лимонада.
