Mornings with my real love are special for me

Погледнете какви промени во сексуалниот живот пристигнуваат во четириесеттите

Кога ќе влеземе во четириесеттите, хормоналните промени се неизбежни.

Со промените во телото и расположението, се менува и сексуалниот живот.

Имате помала волја за водење љубов

Кога ќе зачекориме во четириесеттите години, хормоните полека почнуваат да се менуваат. А тоа може да доведе до тоа жените да имаат помала желба за секс. Може да се случи и на жените да им треба повеќе време за да бидат подготвени за секс, и да страдаат од сувост на вагината.

Овој притисок може да се намали со помош на лубрикант. Исто така, разговорот со партнерот ни помага повторно да почнеме да уживаме во сексот.Многу е потешко да се забремени

Колку е постара жената, толку повеќе се намалува квалитетот и квантитетот на јајце клетките, па е потешко да се забремени.

Почесто доживувате оргазам

Митот е дека жените во зрелоста не можат да доживеат оргазам. Имено, жената со години има повеќе искуство и самодоверба. Таа е поотворена и повеќе ужива во сексуалниот чин. Ова се причините поради кои жените во четириесеттите години доживуваат оргазам многу полесно од порано.

Мажот може подолго да го одложи оргазмот

Како и кај жените, нивото на хормоните се менува со возраста.

Ова води до фактот дека тој може подолго да го одложува оргазмот и поинтензивно да ужива во сексот. На тој начин ќе има повеќе време за партнерката, а со тоа и поголема веројатност за заеднички оргазам, пишува Стил .

Ќе најдете нови начини да се забавувате во кревет

Ако не ви оди како порано во кревет, ова е можност да внесете новина во вашиот секс. Пробувајќи нови работи, ќе имате повозбудливи нови искуства.