Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски го критикуваше екс премиерот Никола Груевски кој доби азил и престојува во Унгарија.
„Груевски тоа што сам го сруши сега плаче да му се донесе – Членот 353!“, вели Георгиевски вечерва на ТВ гостување на емисијата „Трилинг“.
Рече дека членот 353 е член со најголема историја во македонскиот правосуден систем.
„Кога почна транзицијата раните 90-ти последната комунистичка власт членот 353 го тргнаа и го избришаа. Првите 10 години од македонската транзиција кога беа најголемите приватизации членот 353 не постоеше. Овој член го врати нашата влада кога беше министер Камбовски за да ги уплашиме тие на политичката сцена да бидат повнимателни. Овој член е напишан и изгласан од мојата влада“, вели Георгиевски.
Тој вели дека отпосле тогашниот премиер Бранко Црвенковски апсел по овој член. Затоа биле принудени законот да се конкретизира, а тоа не поминало кај Груевски.
Груевски извесно време е во „војна“ со кадрите на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали имало или не трајни разговори со власта за да се направат уставни измени.