Индира Пасинечка целиот живот ќе биде принудена да биде жена борец. Долги години се бори за љубовта со нејзининиот сакан Жарко поради различната вера меѓу двајцата нив.

А, кога докажува дека љубовта е најсилна, им се раѓаат три деца кои уште повеќе ќе ја зајакнат нивната љубов. Многу слога, радост, смеа и разбирање ќе ги бојат деновите на ова среќно семејство.

Но, очигледно дека Господ ќе одлучи да даде понаков тек на нивните животи. Па, на 23 октомври оваа година, додека Индира е на работа и ништо не насетува, пламен ќе изгори се што е вредно за неа. И го гори животот, и ја гори куќата, и го гори најмилиот за на крај да и ја изгори и душата.

Една недела после страшниот пожар Индира засекогаш го губи сопругот Жарко, како резултат на вдишениот чад од кобниот ден. Куќата е изгорена до темел.

Да може да го врати вели таа, би спиела и под отворено небо. Но, децата се мали, па, мора за нив да најде некакво решение зашто во моментов е сместена кај роднина. Денес, таа не е ни свесна како ќе продолжи понатаму да живее без него. Единствен спас е да им се помогне да изградат скромен кров, за да не бидат терет никому и полека да се надеваат дека времето ќе ги залечи нивните преболни рани во срцето./Срце на дланка