Горан Бојковски за себе ќе каже дека живее со мака и во несреќни околности. Потекнува од Малотино, кумановско и на свои две години уште не свесен заедно со поголемата сестра останува во куќата на татка си, додека помалата сестра останува кај мајка му поради нивната разделба. Многу ја малтертираше мајка ми и еден ден ја избрка. Таа се премажи и ја чуваше само помалата сестра, а јас и сестра ми останавме со татко ми и многуте маќеи кои моравме да ги трпиме до полнолетство. Во ноќ ќе станеше некоја од нив и ќе не тепаше по глава. А, ако кажевме на татко ни добивавме уште повеќе ќотек-се присеќава Горан за траумите од детството.
Горан ни, подоцна во животот нема да живее среќни моменти. Иако, се жени и добива син и ќерка нема да има среќа во бракот, па од кирија на кирија заедно се ќерка му живее додека преживува заработувајќи од пасење добиток. И, ќерката ја носел секаде со себе па дури и додека ги чувал кравите. Денес иако има 49 години Горан е болен. Има проблеми со срцето и не смее да работи. Живее со социјална помош во куќата каде била премажена мајка му зашто нема каде да оди.Повеќе од половина од месечниот приход дава на лекови, а земал и кредити за даа може да се лекува. Денес, нема услови како да ги врати. Има денови кога нема и за храна. Па, затоа во овој момент му е потребна помош за да може да исплива и да продолжи да живее зашто ќе рече „Мил ми е животот, и не сакам да ме покрие темната земја„.
Горан има 49 години. По несреќното детство во кое има спомени само од малтретирање од татка си и маќеите, ќе започне нова епизода во која ќе влезе во брачна заедница и ќе добие син и ќерка. Но, очигледно сиромашниот живот и траумите од детството ќе го разорат тој брак, па тој ќе продолжи да живее под кирии и да чува добиток за да преживее заедно со неговото девојче, кое ќе остане кај него се додека еден ден не се омажи. Тогаш тој немајќи каде да оди сам, дошол во куќата на мајка му, која набрзо потоа починала. А, денес од таму вели тој е бркан од сопствените сестри.
-Многу бевме малтретирани од маќеите и татко ни. Моите се разделија кога бев многу мал и поминав многу тежок живот како дете. Мајка ми се прежени, татко ми исто, ние трпевме и во сон бевме будени и по глава тепани од маќеата. Потоа се оженив и добив две деца, но по разводот синот отиде кај мајка му, а девојчето со мене додека не се омажи . Доаѓаше на нива, работеше, ми помагаше. После многу кирии, дојдов во оваа куќа во која се омажи мајка ми, ама пред две години и таа почна па сега сестрите ме бркаат од тука- вели Горан.
На не цели 50 години Горанима стекнато сериозни дијагнози. Можеби една од посериозните е проблемите со срцето, поради која не смее да работи и да биде осуден да живее само со 5000 денари социјална помош, од чија половина дава само за лекови. Кога ќе подмири сметки не му останува ниту 1000 денари за да го помине месецот и да се прехрани. Многу е мачен мојот живот и многу ми е тешко. Никој не ме гледа, па морам да барам помош од соседите ќе рече тој. Сепак, не сакам да ме покрие темната земја. Мил ми е животот и сакам уште да живеам затоа замолувам кој може да ми помогне во овие моменти сега кога ми е најтешко.
-Мил ми е животот и не сакам да умрам. Сепак, имам многу дијагнози од кои најмногу ме мачат проблемите со срцето. Докторите ми рекоа не смеам да работам и останав со социјална помош. Што попрво да купам со 5000 денари. Дали лекови, дали сметки, дала храна. Ама, не сакам да ме покрие темната земја. Сакам да живеам –ќе рече Горан.
Животот е таков. Се будиме. Денот е убав, светол, а потоа одеднаш се појавува мрак пред нас. И, немир, страв. Но, се поминува. Затоа, да уживаме во малите бесплатни работи. Прегратките, насмевките, допирите на дланките. Само тоа е богатство кое нема цена и за кое вреди да се живее.
Доколку сакате да му помогнете на Горан тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 078864600 или на неговата жиро сметка 270-7000244609.24 Халк бан/ Сце На ДЛАНКА