Гордана едвај чекала да ја запознае својата идна снаа и се надевала дека конечно ќе ја добие ќерката која никогаш ја немала. Сепак, работите не одеа како што таа очекуваше.
Како што рекла, кога за прв пат им дошла идната снаа на ручек, ја пречекала како што доликува на вистинска домаќинка. Го прашала синот што сака да јаде Бојана, па подготвила се за ручек по вкус на идната снаа. Меѓутоа, за време на ручекот и разговорот, однесувањето на Бојана многу ја навредило.
– Многу ми се допадна на прв поглед. Убава, млада, девојка. На крајот на краиштата, мојот син ја сака и тоа беше доволно за да ја прифатам како ќерка од самиот почеток. Син ми во еден момент отиде да земе уште еден стек, таа го плесна по раката и рече „доста е љубов, не јади повеќе“. Го вратил стекот и не го изел – вели Гордана.
Како што вели, решила да не реагира, бидејќи Бојана објаснила како и двајцата се грижат за исхраната.
Кога му понудила вино, нејзиниот син, како што вели, не успеал ни да одговори, а Бојана како од топ зборувала наместо него – „Тој не сака вино, ние сакаме само вода“.
– И јас молчев за тоа. Добро, не јадат, не пијат, нивна работа. Па, тогаш тој добил порака, а таа му го грабнала телефонот од рака и прва ја прочитала. Синот малку се налутил, а таа рекла: „Јас сум твојата идна сопруга, морам се да знам, каде си, што си, со кого се допишуваш“. И јас молчев за тоа.
Сепак, оваа реченица, како што ни кажа Гордана, била капката која ја прелила чашата.
– За жал, разговаравме за тешки теми кои деновиве ги зафатија сите. Во еден момент син ми рече „Мислам дека…“ а таа му пресече и рече „Само немој да мислиш, тоа е премногу труд за твојата убава глава“. Мојот син остана без зборови, но јас не можев повеќе да издржам. И кажав дека не и дозволувам да зборува така со син ми во мојата куќа и ја замолив да излезе надвор.
Ако тоа им одговара, не ми е гајле, но нема да трпам дома. Му реков и на син ми добро да размисли дали сака да го живее животот во кафез, а ако сака му реков дека им посакувам многу среќа, дека никогаш повеќе нема да се мешам и да кажам ништо, туку дека нема да толерира такво однесување во мојата куќа. Искрено да ви кажам, така ќе реагирав и тој така да се однесуваше со неа – рекла Гордана, пренесува Нај жена.