Родителите навреме ја забележале лузната која всушност била знак дека бебето има менингококен менингитис.

Кога се мали, децата, а особено бебињата се склони на разни болести. Затоа на родителите им останува внимателно да го следат развојот на нивните наследници, за да можат навремено да реагираат на сите важни промени.

Една жена го сподели случајот со своето бебе преку социјалната мрежа Инстаграм, сакајќи да го привлече вниманието и на другите родители , бидејќи нешто наизглед мало и безначајно може да биде знак за сериозен проблем.

– Син ми беше малку вознемирен неколку дена, кашлаше повеќе од вообичаено, но немаше температурас. Во вторникот сабајле целиот беше збркан, па се избањав. Никаде немаше осип или лузни. Повторно го избањав во вторник навечер, како дел од рутина. Тогаш забележав дека неговиот стомак и кожата се како да се шарени, како и рацете. Додека маж ми го масираше, на ногата на син ми забележа виолетова лузна, не поголема од мојот нокт, која не сакаше да избледи.

Му ставивме чаша, за двојно да провериме, па решивме да го однесеме во ургентен центар, заради безбедност – рекла мајката на момчето.

Од мала точка, до многу болно момче, за помалку од 12 часа. Страшно! Малиот Лаклан сега се опоравува од менингококен менингитис , бидејќи неговите родители знаеле што да бараат и како да препознаат осип што не исчезнал.

Осипот кој не исчезнува и брзо се развива е показател за многу сериозна болест и бара итна нега.

Кога ќе забележите дека вашето бебе има осип, треба да направите тест за да проверите за каков тип на осип се работи. Значи, ако, кога ќе го притиснете тоа место, побелее, а потоа се врати во стандардната боја, сè е во ред.

Но, доколку и вие го правите истото, а осипот не стане белузлавен, тоа значи дека треба да се консултирате со лекар, имајќи предвид дека може да се работи за менингитис, па дури и сипаници.