Леа Шуткевер е наречена „професионална конзумент на храна“ и веќе има поставено Гинисов рекорд 27 пати , а овој јуни освои уште една титула затоа што изела бурито за само 32,35 секунди.




Нејзината слава беше краткотрајна бидејќи доби конкуренција. Неа ја наследи Мики Судо, кој постигна подобар резултат – 31,47 секунди. Без разлика на признанијата, Леа е неверојатно популарна на социјалните мрежи поради кадрите кои предизвикуваат различни реакции. Таа обично вежба на банани, виршли, колбаси, сладолед и нејзините следбеници со неверување ги следат нејзините вештини.




Реакциите на луѓето се различни, додека некои се зачудени, други се воодушевени од оваа вештина. Често добива коментари дека видеата се наместени и претпоставки дека вакво нешто не може да се направи, но Леа докажа дека тоа може да го направи на лице место со гостувањата во емисии. Кога ќе погледнете, ќе видите дека таа не го поставила Гинисовиот рекорд за џабе.




„Нема да те лажам. Ме плаши тоа што го прави, но разбирам дека некои ги гледаат тие видеа како да се хипнотизирани“, „Ова не е нормално“, „Човеку, не можеш да ги видиш второ си ја џвака храната, ја проголтува за секунда“, „Ова уште не сум го видел“, „Се надевам дека нејзиното здравје е добро“, се само дел од коментарите кои можат да се најдат под нејзините видеа.
Погледнете го видеото ТУКА:
(Kurir.rs/ Mondo )
