Никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата, порача вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Граѓаните реагираат дека многу тешко се закажува, а и вадењето на нови лични документи им е дополнителен трошок.
Со став во оваа насока се јави и професорката и политичарка Солза Грчева која вели дека во овој случај менувањето треба да биде бесплатно.
– Моите лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) со името “Република Македонија“ се важечки уште неколку години и не мислам да ги менувам. Ако некој не ги усогласил на време, нека одговара! И ќе одговара бидејќи г-ѓа Олгица Трајковска им поднела тужби на Заев и Спасовски. Алал да и е. Во најмала рака, за оние кои ќе решат да ги менуваат, менувањето треба да биде бесплатно, бидејќи им менуваат важечки документи. Наместо тоа, луѓе со денови се обидуваат да добијат термин (по телефон или електронски) и никој не им одговара, порача таа на својот фејсбук профил.
– Нема институции, ниту одговорност во демонтирана држава. Самоволие и собирање пари од сиромаштијава, додава Грчева.
