Често можеме да слушнеме од бабите дека внуците се најголемото богатство во нивниот живот!

Дека навистина е така, покажало истражувањето кое покажало дека бабите се повеќе емотивно поврзани со своите внуци отколку со своите деца.

Од 1960-тите, истражувачите го наведуваат дружењето со најмладите како причина за очекуваниот животен век по репродуктивните години, кои според оваа теорија ни даваат психолошка поддршка.

Некои од најновите докази укажуваат дека бабите се одговорни за детската безгрижност, благосостојба, како и за постигнување поголем успех. За подобро да разбере што се случува, антропологот Џејмс Рилинг спроведе студија во која беа вклучени 50 баби со најмалку едно внуче на возраст од 3 до 12 години.

Со помош на магнетна резонанца за скенирање на мозокот на бабите додека гледаат фотографии од нивните сакани внуци, деца и возрасни со кои тие не се поврзани, дошле до интересни резултати.

– Она што особено се истакнува е активирањето на делови од мозокот поврзани со емоционалната емпатија. Бабите се водат од она што го чувствуваат нивните внуци кога комуницираат со нив. Ако нивните внуци се среќни, среќни се и тие. Ако се тажни или плачат, ја чувствуваат и својата тага и вознемиреност – рече антропологот.

Научниците изведоа слична вежба со нивните татковци.

Активноста кај бабите во просек била посилна отколку кај татковците, иако имало и такви кои имале иста активност во тие делови од мозокот.

Кога станува збор за фотографии од возрасни деца, бабите активирале малку различни делови од мозокот – оние поврзани со когнитивната емпатија. Научниците го разбираат ова како бабите да се обидуваат да ги разберат нивните возрасни деца когнитивно, а не емотивно.

Емоционална емпатија е кога можете да почувствувате што чувствува некој друг, а когнитивната емпатија е кога разбирате на когнитивно ниво што чувствува некој друг и зошто.

Ова може да објасни зошто бабите се повозбудени кога се среќаваат со внуци отколку со нивните деца. Малите деца веројатно развиле способност да манипулираат не само со мозокот на мајката, туку и со мозокот на бабата.

Возрасните го немаат овој „фактор“, па не го добиваат истиот емотивен одговор од родителите.

Научниците сега ќе се обидат да спроведат студија за бабите и дедовците, но и другите кои се грижат за децата, со цел да направат споредби.