Кој вели дека стан од 50 квадрати не може да биде доволен и простран? Погледнете само како Даниел го уредил
Архитектот, уметник и колекционер Даниел Дорал го трансформираше својот стан од 50 м2 во Мелбурн користејќи ги триковите за складирање на Икеа . Бидејќи Даниел е колекционер, би помислиле дека станот му е преполн, но тоа никогаш не се случило бидејќи сака се да биде уредно и на свое место.
Книгите, уметничките дела и предметите кои го фасцинираат имаат свое место во неговиот мал стан, создавајќи хармонија.
Користејќи ги најевтините производи на Икеа како кука за закачување или обични бели кутии за складирање, Даниел избегна хаос во станот.
Ако се прашувате како да направите стан од 50 квадратни метри функционален , Даниел советува да го искористите секој дел максимално. На пример, тој претворил дел од таванот во бањата во складиште со едноставни фиоки на Икеа што ги поставил.
Погледнете во видеото како Даниел го искористи секој квадрат од станот за да си ги складира работите во совршен ред:
