Неколку пати дававме прогнози и се покажа дека е нова болсета за која малку знаевме

Директорката на Институтот за онкологија и радиологија Даница Грујичиќ изјави дека верува оти коронавирусот во иднина ќе стане тип на грип, а потоа посочи дека сите треба да се вакцинираат.

Лекарот потврди на емисијата Хит Твит дека повеќето луѓе кои се на респиратор не примиле ниту една доза од вакцината.

Мислам дека Ковид, односно корона, ќе стане тип на грип. Ќе видиме дали се ќе заврши на пролет. Не би сакал да давам никакви прогнози, бидејќи ги дававме неколку пати и се покажа дека е нова болсета за која малку знаевме.

Сметам дека треба да се вакцинира, а моите колеги кои работат во Батајница велат дека најголем број на луѓе кои имаат тешка форма на болеста и кои се на респиратори не се вакцинирани. Мислам дека големата грешка на СЗО е што не се прават обдукции – рече Грујичиќ.

error: Content is protected !!