И онака беше тешко да се стане од кревет, сега па за време на глобална пандемија кога сите бараат од нас главно да седиме дома – бетер. Меѓу полесните работи – нонстоп си во пижами или тренерки. По дома. Демек на чисто. Нема да ве прашаме колку често ги менувате и ги перете. Ама ќе ви кажеме колку често треба.




Бидејќи е важно да се одржува хигиената на највисоко ниво, постојат правила и за ова, а и некои други основни хигиенски правила, дури и во изолација кога не гледаш никој освен домашните.




Пижамите треба да ги перете после три-четири носења, но ако се туширате пред спиење, може да издржат уште некој пат. Ова важи и за тренерки, ама секогаш има исклучоци на правилото.




На пример, ако имаат дамки на нив, треба да се исперат што е можно побрзо и да не се носат веднаш. Ако имате средство за флеки, може да се помине и со тоа пред перење.




Општо е полесно да забушаваш и да ги носиш повеќе отколку што треба, само што – доаѓа лето. Со лето доаѓа и пот, а и веќе можеби вежбате кардио или јога по дома, или едноставно – се потите и ова значи дека може ќе треба да се префрлите на друго парче облека што ќе ви биде поудобно – и почисто.




За пењоари важи истото и треба да се перат на четири носења.
И на крај, најважно – редовно треба да ја перете постелнината (еднаш неделно), бидејќи чистата облека нема поента, ако со нејзе легнувате во нешто 2 месеци неиспрано.




Супер е што можеме да носиме пижами почесто, ама не е лошо да се биде вака паметен по тоа прашање.
ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР ВИЕ НА КОЛКУ ВРЕМЕ ГИ МЕНУВАТЕ ПИЖАМИТЕ!
