Бројот на жртвите од разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија пред две недели продолжува да расте секој ден, од час во час.




Досега се пронајдени повеќе од 46.000 безживотни тела, а во екот на таа невидена трагедија спасувачите се радуваа на секое чудо што беше спасување на десетгодишното девојче Хилал, кое го загуби целото семејство во колапсот на зградата во која живеела, но четири дена преживеала под урнатините пред да ја пронајдат пожарникарите.




Нејзината приказна не завршува тука бидејќи чинот на поранешниот турски репрезентативец и икона на Галатасарај со повеќе од 300 официјални настапи за турскиот великан Хакан Балт и неговата сопруга Дерја допре многумина.




Брачната двојка се грижела за девојчето кое останало без татко и без мајка, а во катастрофата што го погодила нејзиниот роден град Хатај животот го загубиле дури 70 членови од нејзиното семејство. По разорниот земјотрес, Хилал преживеала 90 часа под урнатините, од кои единствен начин на пожарникарите да ја извлечат било да и ја отсечат раката која била згмечена од бетонски блок.




Впрочем, Хилал не остана сама. Откако слушна за нејзината шокантна судбина, пензионираниот фудбалер изјави дека ќе се грижи за неа до крајот на својот живот „материјално и на секој друг начин“. Сопругата на фудбалерот веднаш итно се упатила во болницата во Истанбул, каде повредената девојка била пренесена и не го напуштила болничкиот кревет. Згора на тоа, таа со денови била единствената личност со која комуницирала девојката која се уште била под голем шок.




– Таа ми рече: “Јас сум силна, ќе издржам!” – изјави сопругата на фудбалерот и раскажа неколку многу емотивни моменти.




– Ја прашав што би сакала да и донесам, а таа ми рече супа и сутлијаш (ориз со млеко). Кога ја прашав каков сутлијаш најмногу сака, Хилал ми одговори: „Мајка ми го прави вкусно и без цимет“, а потоа започна да плаче… ѝ го направив и, иако сигурно не знам да правам сутлијаш како што правеше нејзината мајка, дадов се од себе – откри Дерја Балта.
