Важен ден во верскиот календар на Македонската православна црква




Приказната на Мојсеи Мурин е филмска. Од роб до разбојник, па до главен меѓу бандитите. Тој беше силен и со крупна градба, сееше страв. Одеднаш, совеста почна да го гризе и тој ја напушти бандата и се замонаши.




Како монах поминал низ многу искушенија и неволји. По сите борби со себе и низ страдањата и болките, бил ракоположен за свештеник. Го основал својот манастир и успеал да собере 75 ученици. На 75-годишна возраст ја предвиде својата смрт. Тој им рекол на учениците да трчаат бидејќи разбојници ќе го нападнат манастирот.




На прашањето зошто не побегнал, тој рекол дека мора да умре од насилна смрт.
– Кој се бори со меч мора да умре од меч – рече тој.




По потекло Србин , се подвизувал во манастирот Света Богородица и бил игумен во тој манастир. Тој е познат по чудесните исцелувања. Постои позната приказна кога тој ја излекувал сопругата на принцот Јарослав од Псков од тешка болест. Починал во 1495 година и неговите мошти веднаш станале чудесни




Денес е денот кога треба да си ги признаете грешките, пред се на себе. Треба да се покаете, никогаш не е доцна. Како преподобниот Мојсеј Мурин, кој се плашеше и трепереше, во срцето треба да најдеш место за прошка, да ја исфрлиш гордоста и ароганцијата.
