Времето денеска прeтпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната температура од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.




Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени.




На југот и југоистокот на Земјава претпладне и дел од попладневните часови претежно сончево.




Во останатите региони облачност со врнежи од дожд, врнежи и грмежи од средината на денот и попладне ќе се прошири низ целата земја .




На места се очекуваат и обилни врнежи со град.
