За да ја решат мистеријата како малата Клои, која не може да ја достигне кваката, успеала да излезе од собата, нејзините родители поставиле камера и откриле неочекувана вистина.




Родителите на 15-месечното девојче биле збунети кога ја затекнале како талка по ходниците од куќата во неколку наврати околу шест часот наутро, иако нејзиниот кревет бил обезбеден, а вратата од собата била затворена.




За да ја решат мистеријата како малата Клои, која не може да стигне до кваката, успеала да излезе од собата, нејзините родители Крис и Нина Кардинал поставиле надзорна камера во детската соба и ја откриле неочекуваната вистина, пишува британски Метро.




Имено, како што ќе видите на видеото, бебето се здружило со два златни ретривери, семејни миленичиња и секоја вечер успешно организирале бегство од собата.




На видеото се гледа како Колби и Блу влегуваат во собата радосно мавтајќи со опашот. Откако ја разбуди девојката со бакнежи, таа ги пречекува во прегратка. И додека мама и тато спијат, екипата ја напушта детската соба и тргнува во поход, најверојатно поради храната.




Иако тоа не може да се види на видеото, кучињата најверојатно „чкрипат“ појадок, а Клои очигледно најлесниот сон го сонува.




„Клои научи да им ја отвора кутијата со храна и да ја превртува за нив“, рече мама Нина.
