На многумина им се случува да заборават нешто на шпоретот, а потоа во паника размислуваат како да исчистат тавче или тенџере кои на прв поглед изгледаат потполно уништено. Без паника, има решение…
Како да исчистите загорени садови:




1. Тенџерето или тавето наполнете ги со врела вода и додајте малку течност за миење садови. Тогаш ставете на рингла и почекајте течоста да почне да врие.




2. Нека врие 15. минути или повеќе (во зависност од тоа колку многу загорело) и со лопатка внимателно, од дното, и страните отстранувајте ги деловите кои почнале да се одвојуваат.
3. Кога ќе ги извадите сите загорени деови, испразнете го тенџерето или тавчето и убаво измијте со сунѓер за миење садови.




4. Доколку чистите садови кои не ’рѓосуват користете посебен чистач за такви предмети за да го вратите сјајот. Сепак, бидете свесни дека можеби ќе останат ситни дислокации во зависност од тоа колку многу тенџерето или тавчето загореле.




Како да спречите садовите за готвење да ви загорат:
1. Намалете ја температурата или пламенот на кој готвите.
2. Ако користите тефлонски садови немојте да готвите на температури поголеми од 260. степени.
3. Ако вашето јадење има потреба од високи температури, користете нерѓосувачки челик или железни тави.
