Дали сте постојано уморни, тешко дишете, брзо се заморувате и срцето брзо чука? Ако одговорот на сите овие прашања е да, тогаш можеби имате анемија




Недоволното количество црвени крвни зрнца е причина за анемија, која најпрво можете да ја забележите по тоа што вашата кожа е посветла од вообичаеното. За брзо да го одредите ова, испружете ги рацете пред вас со дланките свртени нагоре и раширете ги прстите.




Ако наборите на дланката се посветли во споредба со бојата на кожата, тоа може да укаже дека имате недостаток на железо во крвта. На тоа може да укажуваат и белиот корен на ноктот и бледата боја на внатрешната линија на долниот очен капак. Анемијата може да се потврди само со тест на крвта, па доколку ги забележите овие симптоми консултирајте се со лекар.




Најчестите симптоми на анемија се:
- Скратен здив
- Неправилно чукање на срцето
- Депресија
- Низок крвен притисок
- Нарушена меморија
- Главоболка
- Бледа кожа
- Тинитус








Има храна која може да помогне во лекувањето на анемија. Така, на менито додадете калинка, домат, сусам, спанаќ, цвекло, брокула, грав, вино од капини…
