Мајка од Велика Британија открила дека е бремена само 10 дена пред да се породи, сметала дека се здебелила само за време на карантинот.
Саманта Хикс од Северен Сомерсет, клоцањето на бебето во стомакот го припишувала на болес, а нејзината бременост не била откриена дури ни кога била во болница на преглед во ноември.




Не мислев дека сум бремена затоа што направив два теста пред тоа и двата беа негативни – рече таа. Саманта забележала дека се здебелила, но мислела дека се здебелила од седење дома заради карантинот. Почувствував удари, но мислев дека е затоа што не се чувствував добро. Стомакот ми беше малку отечен, но мислев дека сето тоа е резултат на болест – додава таа.




Кога нејзиниот сопруг ја ставил раката на нејзиниот стомак на 1 јануари, тој го почувствувал ударот на бебето. Направила уште еден тест за бременост и бил позитивен. Тогаш помислила дека е само во петтиот или шестиот месец од бременоста и се вратила на работа, пешачејќи 40 минути.




Десет дена подоцна започнале контракциите и Саманта била пренесена во болница. Беше неверојатно, лекарите открија дека сум во деветтиот месец тек кога се роди Џулија, рече мајката.
Интересно е што двојката веќе има два сина и не планирала да има повеќе деца.
