Срцевите болести се водечка причина за смртност во светот, поради што е потребно многу да се инвестира во превенцијата.

Секоја година 17,5 милиони луѓе во светот умираат предвреме од кардиоваскуларни болести, а се предвидува дека до 2030 година тој број ќе се зголеми на 23 милиони луѓе.

Изборот на храна има големо влијание врз здравјето на срцето и развојот на болести – пржената, мрсната и слатката храна секогаш се поврзуваат со хронични болести, а новата студија открива дека не е само тоа што јадете, туку и како јадете.

Што откри новата студија?

Оваа година, резултатите од студијата објавена во стручното списание Менопауза покажаа дека кај возрасните жени, навиката да јадат сами во голема мера е поврзана со зголемен ризик од развој на срцеви заболувања.

За да ја спроведат студијата, научниците од Универзитетот во Кореја собрале податоци од 590 жени кои поминале низ менопауза и имаат 65 години или постари. Анализата на податоците покажа дека жените кои јаделе повеќе од два оброка на ден сами имале околу 2,58 отсто поголеми шанси да развијат ангина, форма на болка во градите предизвикана од намален проток на крв во срцето, за разлика од оние кои јаделе оброци во општеството.

Според Американското здружение за срце, ангина често се поврзува со коронарна срцева болест.

Меѓутоа, не е само осаменоста таа што го предизвикува проблемот, објаснуваат научниците. Групата жени кои често јаделе без друштво биле помалку свесни за важноста на хранливите материи, за разлика од оние кои јаделе во општеството. Освен тоа, внесувале помалку калории и јаглехидрати, но и помалку влакна, калиум, натриум од оние кои имаат друштво со оброкот.

Секако, тоа не значи дека ќе развиете срцеви заболувања доколку најчесто јадете сами, но секако попријатно, но и поздраво е да се јаде во друштво, заклучиле истражувачите, пренесува „Ординација.хр“.в