„Вечерта започна одлично, сплавот беше полн. „Сите се забавуваа, пиеја, играа, но по првиот блок, само што заврши, сплавот почна да тоне“, вели изворот.




Популарниот босански пејач Амар Гиле Јашарспахиќ доживеа непријатна ситуација на настап во Обреновац.
Имено, за музиката беа задолжени Гиле и диџеј Радомир Костиќ, алијас Сен Тропе, а откако Гиле го испеа првиот блок, сплавот почна да тоне среде забава.




„Вечерта започна одлично, сплавот беше полн. Сите се забавуваа, пиеја, играа, но по првиот блок, само што се заврши, сплавот почна да тоне “, рекол извор за српските медиуми, пренесува Блиц.




„Одеднаш се наведна на едната страна, под агол од 45 степени и настана паника. Луѓето почнаа да врескаат, да се наведнат и да бегаат, па почнаа масовно да се симнуваат од сплавот. За среќа, никој не е повреден, но секако настапот беше прекинат од безбедносни причини “, рече изворот и додаде:




„Се беше скршено внатре, бидејќи се се сруши, масите почнаа да паѓаат на едната страна, чашите паднаа од сите страни, неверојатно е што во таа лудница нема повредени“, заклучува изворот за „Телеграф“.
Диџеј Сен Тропе, ги потврди наводите на споменатиот портал.




„Вистина е, вчера настапот на сплавот беше прекинат бидејќи сплавот почна да тоне. Беше непријатно, но најважно е дека никој не е повреден “.
На својот профил на Инстаграм, Сен Тропе објави видео што го сними со Амар, во кое и двајцата зборуваат за немилиот настан.




„Тоа е екипажот што го потопи сплавот“, се пошегува диџејот откако драмата заврши.
