ЈАС ДА СИ КАЖАМ




- Голем број луѓе во текот на денешниот ден ме прашаа кога би можел да бирам од постоечките вакцини како би ги рангирал и зошто.
- Можеби сум премногу конзервативен и конвенционален, ниту сум експерт и специјалист за вакцини, но со моето скромно знаење од имунологија и имунизација со вакцини, стекнато во текот на мојата општа медицинска наобразба како доктор, ова е мојата ранг листа:
- Вакцина од жив корона вирус, бидејќи нема аѓуванси (појачувачи на антигеното дејство) но засега се уште не постои. Кинезите се во напредна фаза.
- SinoPharm кинеска вакцина од умртвен корона вирус со УВ зрачење и додаден аѓуванс.
- SinoVac кинеска вакцина од умртвен корона вирус со гама зрачење и додаден аѓуванс.
- EpiVac руска ПЕПТИДНА вакцина, составена од мали пептидни сегменти од корона вирусот, со антигено дејство.
- SputnikV руска векторска вакцина од човечки аденовирус.
- AstraZeneca-Oxford, британска векторска вакцина од мајмунски аденовирус.
- Moderna, америчка mRNA вакцина
- Pfizer, америчка mRNA вакцина која се транспортира и складира на -70°С.
П.С. многумина ќе речат, овој бира “дизел кола”, а му се нуди “full electric”, ама… дали ќе има мајстор да ја поправи “full electric” ако нешто сепак се расипе.
