ПАРТИЈАТА НА МРЧАТОРИТЕ Е МОЈОТ ПОЛИТИЧКИ ИЗБОР (10 причини зошто)
1. Да, таа е најголемата и најсилната партија во Македонија, иако нема ниту Претседател, ниту Централен комитет, ниту Бела палата, ниту финансии, ниту свои портали и телевизии.




2. Членовите на таа партија се обични македонски граѓани, кои си ја сакаат својата земја.
3. Членовите на таа партија не се борат за фотелји, туку за принципи.




4. Членовите на таа партија живеат од својот труд и го ценат секој трудољубив.
5. Членовите на таа партија никогаш не биле на партиски митинг, ама секогаш точно знаат за кого треба да гласаат или кога не треба воопшто да гласаат.




6. Членовите на таа партија ја почитуваат секоја власт, додека и власта нив ги почитува, но и ја казнуваат кога ќе “забега”.
7. Членовите на таа партија критикуваат а никогаш не критизираат.




8. Членовите на таа партија се најискрените корективи на секоја власт, за разлика од слаткоречливите партиски лигуши.
9. Секоја власт треба да е среќна додека МРЧАТОРИТЕ мрчат, бидејќи кога тие ќе замолчат, власта е во неповратен пад.
10. Партијата на мрчаторите е единствена која не бара ништо, а дава бесплатни добронамерни совети на секој функционер.
#НИЕ_МРЧАТОРИТЕ_И_ПОНАТАМУ_ЌЕ_МРЧИМЕ#
