Душко Јовановски да може да прави чуда би го заменил своето место само за да и помогне на својата сестра Лидија која уште како мала поради висока температура станува лице со попреченост. До пред две години таа функционирала полесно. Одела во центри за рехабилитација, изработувала гоблени и била способна сама да функционира. Но, откако залегнала во постела и сосема го губи здравјето, Душко морал да се откаже од неговиот професионален живот за 24 часа да биде покрај неа. Живеат само од негата и пензијата на Лидија. Тие средства се речиси премалку за нејзините потреби. Постојана терапија, катетер, пелени, лекови за болки.
Најтешки се ноќите, кога сестрата на Душко буквално плаче од болки. Пред неколку дена имала и напад од кој едвај се спасила. Душко ќе рече и дека е незадоволен од третманот по болниците бидејќи со години се обраќа а, тие не превземаат ништо. Поради ваквата состојба тој ќе рече и дека од стрес и нервози поболен е и од неа. Разочаран е и од роднините и соседите, кои му завртеле грб кога му е најтешко. Нема поддршка од никој, и не знае како да продолжи со оваа животна борба зашто се чувствува како да се бори со невидлив непријател. Овој прехрабар брат кој и животот би го дал за својата сестра има само една желба и се моли само за нејзина соодветна грижа и надминување и прескокнување на бездната во која секојдневно пропаѓаат двајцата.
Душко е роден и пораснат до својата седум годипна возраст во Маврово. Потоа со родителите и сестра му Лидија се селата во центарот на Скопје каде продолжува да учи и работи не надевајќи се дека еден ден ќе дојде време да биде единствена поддршка за неговата сестра која поради висока температура како дете станувалице со попреченост. Полесно било ќе рече тој кога биле живи и родителите. Лидија била посамостојна, редовно цели 40 години одела во центри за рехабилитација, се до пред две години кога паднала и добила удар во главата поради кој за кратко ќе залегне во постела и секој ден ќе и се влошува состојбата. А, тој морал да даде отказ на работа за да може да остане и да се грижи за неа.
-До седум годишна возраст живеев со родителите и сестра ми живеевме во Маврово. Сестра ми од висока температура сиот живот беше лице со посебни потреби. Полесно беше додека беа живи родителите. Останавме сами со сестра ми и беше посамостојна до пред две години кога падна и залегна во постела. И требаше нега 24 часа на ден и морав да дадам отказ. Минатиот месец ја однесов и во болница но немаше ниаккво подобрување и пак ја земав дома. Се мачи вика и вие од болки. Има едвај 30 кг. Има рани по целото тело. Многу ми е жал за неа, а немам како да и помогнам-вели Душко.
Душко вели дека од нервозите бидејќи се чувствува беспомошен и тој го изгубил здравјето. Има висок притисок, не знае како да го помине месецот бидејќи негата и пензијата од Лидија не стасуваат за сите здравствени потреби. Па, откако од некој дотор и била дијагностицијара церебрална парализа и секаде им се затвораат вратите. Најтешко за двајцата е во ноќите кога и болките на Лидија се најголеми. Таа има едвај 30 килограми, силни болки во целото тело и не можност да се храни зашто се повраќа. Затоа Душко бара помош да може да го надмине овој кошмарен период зашто премногу му значи сестра му која сиот живот се мачи.
-Се чувствувам беспомошно. Од нервози у јас го изгубив здравјето. Имам висок притисок и губам свест. Сиот приход од нејзината нега и помош го давам за пелени и лекови- додава тој.
За жал Лидија не издржа и деновиве почина. Болката на Душко остана, но и прашањето како сега ќе продолжи да живее и без сестра си за која се грижеше и без ниакков приход. Затоа му треба помош за да ги помине овие претешки моменти за него.
Доколку сакате да му помогнете на Душко тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 076445852 или на оваа жиро сметка 270-7000658409.30 Светлана Ангеловска/Извор Срце на Дланка