Многу жени се прашуваат што да прават кога мажот ќе изгуби интерес за нив, а овој руски психолог го дал одговорот
Сè почесто сме сведоци на врски и бракови во кои еден од партнерите е неверен. Најчесто тоа се мажите кои ги изневеруваат своите сопруги, а тие пак, дури и кога ќе дознаат за неверството, преминуваат преку тоа. Интересно е што мажите генерално изневеруваат поради недоволно интимни односи, додека жените се жалат дека и ним им недостасуваат тие односи во бракот.

Рускиот психолог Михаил Лабковски ги советувал жените што го имаат овој проблем.

Решение: Една од причините зошто сопругот не сака да има сексуални односи со вас е тоа што не ве сака. Во совршениот свет, луѓето во брак се развиваат заедно: заедно стекнуваат искуства што ги поврзуваат, разговараат за нив, патуваат заедно, гледаат филмови и слично.

Во реалниот живот, сето тоа е многу покомплицирано. Некои се венчаваат од погрешни причини, некои само сакаат „да се венчаат веќе еднаш“, некои стапуваат во брак само затоа што сите во нивното опкружување веќе се омажиле и ожениле… Некои имале проблеми во врската, но се надевале дека бракот ќе ги реши. Честопати, двојките се венчаваат иако сексуалниот живот не им функционира баш најдобро. Венчалниот документ нема да го реши проблемот во кревет.

Решението за овој проблем е со сопругот да одите кај сексолог, психолог… Ако тој одбие, Лабковски советува да го оставите сопругот!